Една стјуардеса буквално се збогатила откако две години во текот на летовите на патиниците им давала сексуална услуги.
Го наплаќала сексот во малиот тоалет и понекогаш заработувала дури и 1.700 евра. На крајот, признала дека тоа и донело неверојатни 880.000 евра!
Веста пристигнува од Дубаи, но не е прецизирано за која авиокомпанија станува збор. Се знае само дека е од Блискиот исток.
Авантурите на стјуардесата почнале пред две години и траеле се до овој месец кога е фатена среде сексуалниот чин со еден од патниците. На девојката веднаш и бил врачен отказ, па била депортирана од државата во која работела.
Медиумите во Дубаи објавиле дека девојката многу брзо признала дека тоа не и бил прв инцидент.
„Преферирала летови од Блискиот исток кон САД. Во неколку часа можела без проблем да опслужи повеќе патници…“, објавиле медиумите.