Го убила соседот-педофил бидејќи живеел блиску до нејзините деца

750

Самохраната мајка на пет деца, која со нож го убила својот сосед педофил, вчера била осудена на три и пол години затвор.

Сара Сендс (32) живеела во иста зграда во Лондон со 77-годишниот Мајкл Плистед, му готвела и го бранела од соседите кои го нарекувале „педофил“, не знаејќи дека во минатото 24 пати бил осудуван поради сексуални престапи.

Откако го открила мрачниот дел од неговот минато, Сендс била бесна на Плистед.

Десет дена по судењето поради злоставување на деца, таа земала нож и во „напад на бес“ го убила Плистед во неговиот стан.

Поротата ја ослободила од вината за убиство со предумисла, но била осудена за убиство од небрежност, по основа на „губење на контрола над сопственото однесување“.

Судијата Николас Кук изјавил дека станува збор за „навистина посебен случај“, и ѝ ја намалил казната од седум на три и пол години, земајќи ја предвид положбата во која се наоѓа како самохрана мајка.

Тој рекол дека нејзините деца, поради фактот дека е таа во притвор, живеат во услови кои потсетуваат на романите на Чарлс Дикенс.

– Земајќи го тоа предвид, но и свесен дека милоста мора да биде ограничена во случаи кога на некого му е одземен животот, ја намалувам казната на три и пол години затвор – рекол судијата.

Објаснувајќи ја одлуката да ја намали казната, судијата рекол:

„Ова е случај во кој обвинетата веднаш се пријавила во полиција во состојба на вознемиреност, никогаш не ја негирала одговорноста за убиството, ниту пак се обидела да се ослободи од доказите, пришто покажала каење.“