Почина Јасмина Спасовска

754

По долго боледување, денеска во Скопје почина Јасмина Спасовска, долгогодишен новинар.

Спасовска работеше како новинар за култура во ТВ 24, а претходно беше дел од новинарската екипа на А1 телевизија.

Во својата новинарска кариера, Спасовска покриваше теми кои имаа за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани, не само до стручната јавност, уметниците и сите културни дејци во нашата земја, туку и на љубителите на културата и на општиот ТВ аудиториум.

Погребот е утре на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.