Почина Божидар Сомоновски – Бошко.

786
Пред сè Човек. Со големо „Ч“.
Бошко не беше само директор на Домот на млади во Штип – тој беше душата на многу настани, поттикнувач на соништа и искрена поддршка на генерации млади луѓе. Ретко кој музички настан се случил без неговата верба, без неговото „ајде, ќе биде“, без неговата тивка, но силна поддршка.
Мојот прв концерт надвор од Скопје, на почетокот на 80-тите, го доживеав токму благодарение на него. Со Макакус, по покана на Бошко. Кога пред концертот снема струја, не дозволи публиката да си замине. Свиревме на свеќи. Во темница, а со светлина каква што само луѓето како Бошко знаат да создадат. Тој момент остана засекогаш врежан – како доказ дека музиката и човечноста секогаш наоѓаат пат.
А подоцна, во 90-тите, детските забави што ги организираше беа радост, смеа и магија за целиот Штип. Малкумина знаеја така искрено да се радуваат на радоста на другите.
Драг пријателе, остави зад себе спомени што не бледнеат и траги што не се бришат. Ќе живееш во приказните, во музиката, во сеќавањата на сите што те познаваа.
Никогаш нема да бидеш заборавен.
Почивај во мир.
Џина Паппас Џокси