Да се искуси лош прв состанок е ужасно чувство, но да го служиш овој пар е уште полошо.
Келнери од разни кафулиња раскажуваат за своите искуства со парови кои не си поминале баш најдобро на првиот состанок.
Во тој момент немале избор и морале да им помогнат, но сега кога зборуваат за овие случувања не можат да ја тргнат насмевката од своите лица.
Прочитајте и вие за тие приказни
Не знам како, ама извади ме од овде
„Работам во мал италијански ресторан. Една вечер дојде до мене млад господин кој не го служев јас и ме погледа вознемирено. Во раката имаше околу 20 долари и ливче на кое го имаше напишано својот телефонски број и ми рече : „ Те молам јави се на мојот број и кажи дека треба веднаш да се појавам дома. Те молам пријателе извади ме од овој ресторан побрзо што можеш бидејќи сум на прв состанок со ужасна девојка.“ Немав избор и му помогнав со тоа што се јавив на бројот најбрзо што можев.“
Финиот дечко
„Местото каде што работам беше речиси празно. Имаше само еден пар кој беше на прв состанок. Им го слушнав разговорот во кој дечкото се опишуваше како фина личност, не е како сите останати и ред други описи во своја полза. Но, тој цела вечер само зборуваше и зборуваше. Девојката неколку пати сакаше да почне да каже нешто, а тој ја прекинуваше, всушност таа не ни дојде до збор. Можам да замислам колку ѝ се изморил мозокот слушајќи ги неговите приказни.“
Незадоволство
„Келнер сум во ресторан кој се наоѓа надвор од градот. Не сакам кога служам парови, но овојпат морав бидејќи бев сам во смена. Забележав некоја нервоза помеѓу двајцата и претпоставив дека се на прв состанок. Девојката отиде до тоалет и бидејќи сум озборувач по природа морав да ги потврдам сомнежите. Го прашав господинот дали се на прв состанок и тој среќно ми одговори „Да“. Само што им ја однесов храната по 5 минути веднаш ми побараа сметка. Девојката бесна излезе низ врата. Мислев дека не е во ред храната и го прашав господинот кој ми одговори „Помислив дека нема да ѝ пречи тоа што сум оженет“. Што сè нема да искусам во овој ресторан…„
Криенка
„Во ресторанот каде што работам покрај секоја маса имаме високи растенија. Млад пар ми нарача пијачки и кога отидов да им ги однесам нив ги немаше. Си помислив дека си отишле, но се излажав. Тие беа сокриени зад растенијата. Девојката тивко ме повика и ме праша дали има друг излез од ресторанот, затоа што неговата сопруга влегла пред 5 минути.“
Адолесценти
„Момче ја донесе својата сакана на романтична вечера. Беа премногу млади, па мораше мајката на момчето да ги донесе до ресторанот. Мајката беше сосема пријатна жена и рече дека ќе оди во соседниот бар за да може двајцата да имаат приватност. Но, ме зачуди тоа што момчето ѝ рече да остане со нив и продолжи да зборува само со мајка му цела вечер. Девојката наместо да биде главна на вечерта, на крај излезе трето тркало. “