Жени, само колку да знаете – мажите ве проценуваат по цртите на лицето дали сте за брак или за афера

4759

Сопругите и љубовниците се избираат по цртите на лицето

Фацијалните карактеристики (цртите на лицето) се од суштинско значење за одлучување дали некоја жена е материјал за сопруга или љубовница, покажало истражувањето спроведена на Универзитетот во Stirling.

Жените со женствени црти на лицето се избираат првенствено за љубовници, а ги карактеризира помала вилична коска и пополни образи. Нежниот изглед се поврзува со атрактивност, младост и добро здравје, а всушност се работи за повисоко ниво на естроген.

Таквите жени особено се атрактивни за мажи кои веќе имаат партнерка, според истражувањето на речиси четиристотини машки испитаници.

Мажите кои себеси се доживуваат како привлечни имаат поголем афинитет за женствени лица, додека жените бараат авантура со мажи кои имаат поостри, погруби црти на лицето.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.