Зборуваат дека немаш ниту куче ниту маче, а можат да ти плукнат под прозор
Сè уште гледате на својот сингл статус како на нешто лошо?
Време е да престане тоа да го правите, бидејќи, ако само за миг се погледнете во огледалото, ќе разберете дека пред вас стои попаметна, посилна, поискусна, посигурна и посамоуверена жена отколку кога било досега.
Такви сигурно сте станале и кога станува збор за љубовта, а и бројни истражувања покажале дека жените по ова прашање стануваат попаметни во доцните дваесетти и триесетти кога им се менува сликата на идеален партнер и на она што сакаат од животот и љубовта.
Еве зошто вашиот самечки живот во овие години воопшто не е лоша работа. Кој знае, можеби овој текст ќе ве охрабри конечно да излезете од врската која не ве задоволува целосно.
1. Можете да направите било што, со било кој и секогаш кога сакате
Никој не ве запира веќе утре да ги спакувате куферите и да отпатувате некаде, дури и само за викенд, да останете цела ноќ надвор, да спиете цел нареден ден, да одите дури и на неколку дејтови и на крајот да правите баш сѐ што срцето ќе посака.
2. Попаметно бирајте со кого ќе одите на дејт
Сега многу добро знаете каков партнер сакате, а каков дефинитивно не сакате, и нема да излезете со било кој или да влезете во врска туку така.
Продолжува на страна 2