Лекарите штотуку дефинирале нов орган во човечкото тело

1255

Оваа одлука ќе направи разлика и за пациентите, бидејќи клиничкиот процес за многу од нив веројатно ќе биде различен и, се надеваме, оптимален од сега па натаму.

Аортата, главната и најголемата крвна артерија, која носи крв од срцето до остатокот од телото, доби посебна чест во медицинскиот свет – таа е препознаена како посебен човечки орган.

Ова е голем чекор, изјави Martin Czerny од Freiburg University Hospital во Germany. Препознавањето на аортата како орган ја става на исто ниво со другите органи, срцето, белите дробови и мозокот.

Новиот статус на органот важи во земјите на Европската Унија и во Соединетите Американски Држави, откако тој е дефиниран како таков во упатствата на Европската асоцијација за кардиоторакална хирургија (EACTS) и Американското здружение на торакални хирурзи (STS).

Оваа одлука ќе направи разлика и за пациентите, бидејќи клиничкиот процес за многу од нив кои се лекуваат од аортна болест веројатно ќе биде различен и, се надеваме, оптимален од сега па натаму.

Досега било вообичаено болестите на аортата да се третираат или во кардиохирургија или во васкуларна хирургија, во зависност од видот и локацијата.

Новите упатства јасно препорачуваат третирање на аортата како посебна медицинска област. Тоа треба да се поврзе со други слични области на медицината, објасни Czerny, директор на болницата за кардиоваскуларна хирургија во Германија.

  • Сето тоа ќе го подобри лекувањето на руптурите на аортата и други сериозни болести, изјави Czerny.

Аортата е одговорна за транспорт на крв богата со кислород од срцето во телото. Овој голем крвен сад е најголемата артерија во телото и се протега од левата комора до садовите во карличната област. Исто така, има значајна улога во регулирањето на крвниот притисок и брзината на протокот на крвта.