Исхраната на Мерилинка денеска нутриционистите не би ја баш препорачале

1472

Спротивно на популарните верувања, безвременската дива всушност гордо ги носела своите облини и јадела она што ѝ е вкусно.

Во 1952 година во интервју открила како изгледа нејзиното дневно мени.

Наутро пиела чаша топло млеко со две изматени јајца, бидејќи сметала дека тоа ѝ дава доволно енергија до ручекот, особено во деновите кога имала снимања.

За ручек секој ден јадела месо, а навечер подготвувала јагнешки изнутрици со салата од свежи моркови. По вечерата, јадела сладолед.

Денес многу нутриционисти би ѝ приговарале за пржењето и свежите јајца, но олеснителна околност била што тогаш храната во најголем дел била органска, а актерката успевала да си обезбеди себе избалансирана количина протеини, за да може да го одржи телото здраво.