Скриена плажа на остров, кој содржи експлозивни направи | Видео

510

Островот Мариета настанал поради вулкански активности пред неколку илјади години во близина на мексиканскиот брег. Од градот Пуерто Ваљарта е оддалечен околу еден час возење со чамец.

Најголемата туристичка атракција е скриена плажа, до која може да се дојде со пливање преку тунел долг 50 метри.

Песокот е многу мек, водата пријатна за капење, а во близина се наоѓаат и неколку корални гребени, каде аматерските нуркачи сакаат да истражуваат.

Поради својата убавина е голема туристичка атракција, а со оглед на тоа дека е изолирана главно ја посетуваат само двојки. Затоа не е чудно што го носи прекарот „плажа на љубовта“.

Сепак, нејзиното потекло нема никаква врска со љубовта. Владата на Мексико на островот изведуваше експерименти во текот на Првата светска војна. Поточно експериментирање на најефикасните оружја во тоа време.

Детонациите предизвикале голема дупка над „плажата на љубовта“, а се верува дека островот е полн со неексплодирани експлозивни направи, па не се препорачува истражување по диви патеки.

Островот е многу богат со флора и фауна, поради тоа овој простор е заштитен и прогласен за национален парк во ’60-те години од минатиот век.