Влијанието на напорните физички вежби врз имунолошкиот систем

711

Бројни научни истражувања потврдиле дека умерената физичка активност поволно влијае на здравјето така што го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дијабетис и некои облици на карцином, го подобрува расположението и го подобрува квалитетот на животот.

Меѓутоа една неодамнешна студија покажала дека непосредно по напорниот тренинг, особено по вежбите за издржливост, имунолошкиот систем е привремено ослабен што телото го прави подложно на болести.

Имено, долготрајните вежби со ретки паузи претставуваат интензивен физички стрес што може да се поврзе со зголемениот ризик од инфекции и намалување на ефикасноста на имунолошкиот систем.