Кои автомобилски модели наскоро ќе исчезнат од пазарот, а нема да добијат наследник

782

Зголемениот број на понудени електрични модели и општата лудост за теренци и кросовери значеа дека некои автомобили наскоро ќе немаат место на производните линии.

Новите стратегии на производителите, строгите еколошки регулативи, класите на автомобили кои се се помалку атрактивни…, се само дел од причините кои влијаеле на тоа дека многу модели ќе не напуштат оваа година и нема да добијат директен наследник.

Со зголемениот број на електрични автомобили и општата популарност на теренците, наскоро ќе нема место за некои автомобили на фабричките линии. Германскиот Focus.de ги наведе моделите чие производство престанало или наскоро ќе престане, а тие се:

Audi R8, Audi TT, BMW i3, Dacia Lodgy, Ford Mondeo, Ford Fiesta, Ford Galaxy/S-Max, Hyundai Ioniq, Lamborghini Aventador, Mitsubishi L200, Opel Insignia, Smart ForFour, Volkswagen Sharan и Volkswagen Passat (limousine).