Пет неверојатни работи кои ги прави вашиот мозок додека спиете

1938

Спиењето е активност која е многу важна за здравјето и општото добро на секој човек. Интересно е дека поминуваме четвртина од својот живот во спиење, но всушност никогаш не е објаснето зошто спиеме.

Знаеме дека после спиењето сме полни со енергија и дека сонот го подобрува нашето расположение, но што поточно се случува во мозокот додека одмораме?

Како што се чини, нашиот мозок додека спиеме е се само не мирен.

Еве што се случува во нашата глава за време на сонот:

  1. Донесува одлуки

Мозокот процесира информации и се подготвува за акција во текот на сонот, ефективно одлучувајќи додека е без свест, покажаа најновите истражувања. Ова го покажа неодамнешната студија во журналот „Кјурент Бајолоџи“  која докажа дека мозокот се стимулира во текот на сонот и користи информации кои му се на располагање за да донесе одлука во будна состојба.

  1. Креира и чува спомени

Додека спиеме мозокот формира нови спомени, ги храни оние старите и ги врзува оние новите со некои стари сеќавања.

  1. Прави креативна врска

Во текот на спиењето мозокот креира некои нови врски и така ги поврзува наизглед далечните врски кои доведуваат до целосно нови идеи.

  1. Ги чисти токсините

Серијата студии кои се направени во 2013 година покажаа дека спиењто за мозокот е како чистење на куќа. Истражувачите од Универзитетот во Рочестер докажаа дека оштетените молекули во мозокот се чистат во текот на спиењето.

  1. Учи и  потсетува како да се извршат психичките задачи

Мозокот ги складира информациите во долготрајна меморија преку интервали на сонот кои испраќаат силни фрекевенции до мозокот.

Овој процес е посебно важен за нашите моторички способности како што се возењето, држењето тениски рекет или вежбање на танцови движења.