Една стара кинеска поговорка вели: “Сите се цвеќиња на иднината во семето на сегашноста”. Затоа не го губете времето на бескрајни планирања и уживајте во малите радости.
Секој нов ден носи нови лекции од животот кои човекот ги заборава штом ќе сврти нова страница. Но, учителот живот нема да се откаже и ќе ве испрати на поправен. Тоа значи дека со истите животни лекции ќе се сретнете повторно, сѐ додека конечно не ги усвоите и не ги запишете во книгата на искуства.
Затоа, потрудете се во училиштето на животот да бидете подобар ученик, затоа што научените лекции за животот ќе ви помогнат во сите аспекти – како што вели старата кинеска поговорка: “Сите цвеќиња на иднината се во семето на сегашноста.” Во сè што правите – верувајте му на вашиот инстинкт, бидејќи потсвесниот ум забележува и дешифрира знаци кои свесниот ум не ги забележува. На пример, кога ќе ве обземе чудно чувство дека нешто не е во ред, постои можност вашиот потсвесен ум кој ги запомнил лекциите од претходните искуства се обидува да помогне во донесувањето на правилна одлука. Животот е збирка на сеќавања, па многу постари луѓе во однос на таа збирка чувствуваат огорченост сметајќи дека во животот не постигнале доволно. Времето лета незапирливо, но тоа со иста брзина поминува и вам и на остатокот од светот. Планирајте ја иднината и не губете драгоцено време на бескрајно долги планирања и развивање на листа на цели чекајќи совршени услови. Одолговлечувањето станува роб на минатото, кое е многу добар сојузник на проактивните луѓе. Направете пресвртница, преземете акција и уште денес сторете нешто што ќе ви го олесни и разубави следниот ден.
“Времето е драгоцено. Не чекај за погодно време, бидејќи не сте сигурни дека повторно ќе го имате“, еднаш рече Света Катерина од Сиена. Затоа не заборавајте дека животот не е само периодот помеѓу раѓањето и смртта. Животот е сегашност, момент помеѓу ова и следното вдишување. Затоа, уживајте во тие мали, навидум безначајни моменти кои го сочинуваат мозаикот од вашиот живот. Потрудете се секој момент да го проживеете во потполност, без страв и без каење. И не плашете се да преземете ризици. Слушајте ги зборовите на писателот Ричард Бах, кој вели : “Впрочем, суштината на сознанието не е во тоа дали ќе ја загубиме играта, туку како ќе ја загубиме, што со време ќе сфатиме, на што нѐ научи поразот и како тоа нѐ менува. Да се губи на одреден начин значи – да се добива”, заклучи Бах.
И секако не се воздржувајте од емоции. Сакајте, смејте се, плачете и простувајте. Имајте на ум дека секоја врска е размена на давање и примање и пламенот на љубовта се гасне, ако таа не е возвратена. Ако давате – ќе примате. Ако примате – мора и да давате. Бидејќи, како што вели германската поговорка, “Љубовта не е доволно да се посади, треба и да се залева.” Животна лекција, според тоа гласи – не трошете ги вашите чувства на лице кое не ве задоволува.
Незадоволството е како ѕверот – беспомошно кога се раѓа, страшно кога ќе зајакне
Продолжува на страна 2



















