- Нашето верување е дека љубовта спрема поседувањето е слабост која треба да се надмине. Таа го привлекува материјалниот дел, а ако тоа ѝ се дозволи, со време ќе го наруши духовниот баланс на човекот. Затоа, децата мора да научат од рана возраст за убавината на дарувањето. Треба да научат да даваат она што тие најмногу го сакаат за да можат да ја почувствуваат радоста на давањето, така за воспитувањето зборуваше Чарлс Александар Истман, индијанскиот лекар и автор од племето Дакота.
Верба во себе
- За да изградите здрава врска со другите, прво мора да имате здрав однос со себе. Само оние кои вредат во своите очи можат да остават добар впечаток на другите и да изградат квалитетни врски.
Важноста на вистината
- Светот не е нефер кон вас. Овој став е само изговор за да не се обидете да ги промените работите на подобро.
Научете да бидете трпеливи
- Патот кон целта е запишан во кинеска поговорка: ” Трпението е моќ. Со време и со трпение и листот од црница станува свила.” Ни еден човек не е остров. Ние сме социјални суштества и поврзаноста со луѓето е потребна за да се чувствуваме добро, среќно и исполнето. Дружењето со пријателите, семејството, соседите и колегите на работа создава психолошки простор во кој се чувствуваме безбедно и похрабро се движиме во мисија на истражувањето на светот стекнувајќи животни искуства кои се вреден ресурс во време на стрес и катастрофа. Кога сме во друштво на драги луѓе, посреќни сме, без оглед на тоа дали припаѓаме на затворените интроверти или отворените екстроверти, велат експертите. Истражувањата покажаа дека среќните луѓе се чувствуваат поудобно, повеќе сакаат да им помогнат на другите и отворени се за дружење.
– Исто како и смеата, и среќата е преодна. Таа се шири како емоционална зараза преку пријателството – тврди психологот Џејмс Х Фаулер од Универзитетот во Калифорнија. Две децении, следел пет илјади испитаници, ја истражувал волѓебната врска помеѓу среќата и дружењето. Открил дека среќата е заразна емоција, која работи низ три фази.
– Среќата е колективен феномен. Кога сте среќни, со тоа убаво чувство можете да заразите, не само блиски пријатели, туку и неговите пријатели, па дури и пријатели на пријателите пријател – тврди Фаулер. Ако се обидете во сето ова да најдете мала причина за среќа, ќе му направите голема услуга на здравјето, но , исто така, и на вашите пријатели, бидејќи ќе започне верижна реакција на добри чувства.
Што е поголема дозата на дружење, помал е ризикот од ментални болести и здравствени проблеми поврзани со стресот, а со поддршка на пријателите и побрзо закрепнување од болести и трауми.
Продолжува на страна 4


















