За време на месечниот циклус многу жени избираат да користат тампони. Како и кај секоја грижа, која се однесува на женското здравје, така и при употребата на тампони постојат некои основни правила кои треба да се почитуваат. Видете кои се најчестите грешки при употреба на тампони и како да ги избегнете.
Не ги миете рацете. Миењето на рацете со вода и сапун е првото и најважно правило пред да поставите тампон. На овој начин го намалувате ризикот од навлегување на бактерии во вагината.
Не го поставувате правилно. Кога тампонот не е поставен во вагината доволно длабоко, тој предизвикува непријатност или истекување. При правилно поставување тој не треба да се чувствува.
Не користите една големина тампони. Во различни денови на месечниот циклус ние користиме различни влошки. Капките кои се нацртани на пакувањето, покажуваат за кои моменти се соодветни.
На ист начин треба и со тампонот. Во деновите со обилно крвавење ставајте пакувања со поголема апсорбција, а за послабите дена може да користите помали тампони. На овој начин повторно ќе си заштедите непријатност.
Премногу често го менувате. Кога менструалниот тек не е толку обилен, тампонот треба да се менува на секои 4-5 часа, инаку повторно го зголемувате ризикот од навлегување на бактерии во вагината.
Поставувате тампон во вагината ден пред и после менструацијата . Иако ова е превентивна мерка, не се препорачува тоа да го правите. Откако го пратите вашето лично календарче и го знаете датумот на месечниот циклус, почнете со секојдневни улошки и кога крварењето е доволно обилно ставете тампон.
Заменувае тампон при секоја мала нужда. Не е потребно секој пат кога одите по мала нужда да го замените тампонот. Треба дали на секои 3-4 одење до тоалетот или ако почувствувате дека навистина има потреба тампонот да се смени.
Не го заменувате рампа, откако сте биле во базен или море. Откако сте пливале е задолжително да го смените тампонот со нов. Не заборавајте дека конецот му е надвор од вагината, се навлажнувае и може да предизвика иритација на кожата или да го зголеми ризикот од бактериски инфекции.
Користите ароматични тампони. Ароматичните тампони не се за секоја дама. Кај некои жени може да се појават надразнувања. Затоа, ако почувствувате непријатност, преминете на обични.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.