Орален секс | Машка стратегија против женското неверството

2196

Според едно неодамнешно истражување една од причините зошто мажите се одлучуваат орално да ги задоволат своите партнерки е обид да се намали женското неверство.

Истражувањето е објавено минатиот месец во списанието „Еволутивна психологија“, со настојување да се открие зошто мажите орално ги задоволуваат жените.

Во истражувањето учествувале 243 возрасни мажи, кои се во хетеросексуалните односи, а истражувачите дошле до заклучок дека мажите оралниот секс го користат за да го спречат мамењето на жената. Оваа стратегија е именувана – “машка стратегија на задржување.

Мажот орално ја задоволува жената за да го намали ризикот од нејзиното неверство, со тоа што го зголемува нејзиното сексуално задоволство.

Што мислите за ова необично истражување и резултатите!?