Што мислат мажите за женските влакна во интимните зони

110

Тешко дека некој маж директно ќе ги коментира влакната јужно од папокот, но новото истражување покажува дека господата масовно преферираат да почувствуваат мазна кожа меѓу нозете.

Анкетата, во која учествувале 1110 мажи и жени на возраст меѓу 18 и 26 години, открива како современите млади луѓе ги “обликуваат” интимните делови и преференциите за изгледот на оние на нивните партнери.

Од резултатите станува јасно дека поголемиот дел од двата пола преферира помалку влакна. 95% од анкетираните признаваат дека се “стегнале” или ги отстраниле целосно влакната во интимната зона во последните 4 недели. И мажите и жените се категорични дека се зафаќаат за фризурата доле кога очекуваат да добијат орални бакнежи.

60% од мажите се категорични дека сакаат партнерките да немаат никакви влакна под гаќите, а остатокот немаат ништо против тенките ленти или друг распоред со пократка должина на мала површина од кожата.

Жените се поделени на 4 типа: приврзанички на “голиот пенис”, кои претпочитаат господа со малку влакна, поткастрени или оние на кои им е сеедно тоа дали нивниот партнер е влакнест или не.

Водечкиот експерт на истражувањето д-р Скот Батлер од колеџот во Џорџија, тврди дека главната причина за отстранување на влакната во интимната зона не треба да е од суета и желба на другиот да му се допадне, туку избор за лична удобност и задоволство. Повеќето од жените кои ги интервјуирал, сами споделиле дека ги извадиле сите влакна, бидејќи така се чувствуваат чисти и чувствувале поголемо задоволство во сексот.

Истражувањето е објавено во Journal of Sexual Medicine.