ОВЕН
Имате големи желби и полни сте со идеали, но сето тоа што сакате да го направите го правите на свој начин, брзо и ефикасно.
Она што не можете да го остварите, го буткате под тепих и чекате подобри времиња. Ако работите со партнер или на некој начин сте поврзани со јавност, не внесувајте толку многу емоции.
Некогаш треба и да се опуштите и да дозволите друг да ја води играта. Партнерските односи се полни со тајни. Вие мислите дека партнерот воопшто не се сомнева, но не бидете толку сигурни.
БИК
Колку и да се трудите, работите одат во друг правец. Очекуваното признание изостанува и воопшто не сте сигурни што да преземете. Следниот чекор ви е секогаш неизвесен и зависи од некој друг. Време е да мислите на себе и да престанете да им правите услуги на другите. Ако сте невработени, можно е да добиете работа на одредено време. Партнерот има потреба за слобода, но вие го гушите со своите конзервативни ставови. Морате да попуштите заради мирот во домот.
БЛИЗНАЦИ
Постојат некои лоши влијанија кои ќе морате да ги елиминирате доколку сакате да работите во мир и да си ги сочувате нервите. Не се впуштајте во непотребни објаснувања и не докажувајте дека сте во право. Ако другата страна смета дека не сте, тогаш не сте и најдобро е да се повлечете и да се обидете да заборавите. Ако сте слободни, во попладневните часови можна е средба со личност која веќе подолго време ви се допаѓа. Внимавајте како се однесувате и не си ги расипувајте шансите.
РАК
Крајниот резултат зависи од други и затоа не се оптоварувајте со непотребни размислувања. Бидете искрени кон една постара личност за да ја добиете поддршката која ви е неопходна. Се наоѓате на чекор до остварување на зацртаното и затоа отстранете ги црните мисли и почнете да размислувате позитивно. Иако сакате да ги избегнете психо-физичките оптоварувања, сепак морате да се соочите со траумите на партнерот и да му ја дадете неопходната поддршка.
Продолжува на страна 2