Внимателно со четките за заби

1737

Секој пат кога ги миете забите сте убедени дека четката за заби целосно ќе нè ослободи од бактерии и ќе не заштити од болести на забите.

Ова не е случај, особено ако користите стара четка. Mиењето заби е од суштинско значење за одржување на орална хигиена. Меѓутоа, ако се мијат забите толку често како што е препорачано професионалците – два пати на ден со стара четка ефектот е спротивен.

Кога влакната ќе се оштетат, тие всушност не можат да навлезат помеѓу забите. Па затоа се препорачува да се менива четката на максимум три до четири месеци. Ако сте биле болни тогаш, рокот треба да го намалите.

Истражувањето спроведено од универзитет во Манчестер, откри дека четката за заби содржи најмалку 10 милиони бактерии. Страшно, нели?

Во меѓувреме, во устата постојано живеат меѓу 100 и 200 видови бактерии, од кои повеќето се од четкичката за заби.

Згора на тоа – овие бактерии може да се пренесат и во соседните четки за заби, што всушност го зголемува ризикот од различни инфекции.

Со други зборови, менувањето на Вашата четка за заби на секои три до четири месеци е исто толку важно како тоа да се четкаат забите два пати на ден.