Венчаните парови се позадоволни од животот

75

Паровите кои се во брак навистина се посреќни од оние кои живеат според семејни принципи или неврзаните, покажува новото истражување објавено во “Индипендент”.

Највисок рејтинг на задоволство од животот покажале брачните двојки, како што покажуваат официјалните податоци на Канцеларијата за национална статистика на Велика Британија.

Анализираните податоци за периодот меѓу 2011 и 2014 година покажуваат дека 34,7% од луѓето кои се во брак го одредуваат задоволството од животот на скала како 9 или 10.

19,5% од разведените го одредуваат задоволството од животот како “многу високо” во споредба со 21,9% од брак, кои се задоволни од својот живот.

Задоволството од животот се пресметува врз основа на 17 критериуми, меѓу кои нивоа на невработеност и криминал, како и здравствена состојба, траењето на животот и големината на приходите на домаќинствата.