СКОРПИЈА | Доблести и маани

847

Скорпија – Специфичен шарм, магнетизам, креативна моќ, силна адаптибилност и силна натчовечка волја ја нагласуваат вашата личност.

Вие меѓу првите ќе признаете дека атрактивниот изглед, најлесно и најбрзо дава добар прв впечаток, но дека тоа трае само еден миг, ако не постои подлабока поддршка, верувате дека внатрешната убавина ќе заблеска и ќе го промени надворешниот изглед, давајќи му одреден сјај кој другите ќе го забележат и ќе го ценат. Посебен квалитетот кој го поседувате и кој можете да го користите да се усреќите себеси и другите е вашата снаодливост.

Имате талент да го претворате негативното во позитивно (иако, понекогаш кога се чувствувате несфатени и неискористени на вистински начин, умеете тоа да го превртите … е тогаш на другите нема да им биде баш лесно) и да создаде од ништо нешто. Вие постојано треба да го негувате позитивниот став, кој би требало да се дизајнира, секаде каде и да се движите.

Вашите можности за успех се широки и различни, и ја покриваат речиси секоја област на создавањето. Голем магнетизам ви помага без видливи напори да го разбудите интересот каде и да се најдете. Во неизмерните длабочини на своето битие интуитивно “фаќате” и дешифрирате најдлабоки мисли и чувства на луѓето со кои сте опкружени.

Копнеете по љубов, со сето свое битие, длабоко и страсно, и лојални им сте на оние кои ги сакате. Конфликтот во вас се појавува помеѓу позитивниот креативен инстинкт и прекумерната желба за задоволство. Кога сте во негативно изразување, знаете да бидете немилосрдни кон чувствата и страдањата на другите. Контролајте ја својата осветољубивост, посесивност и љубомора.