Овие хороскопски знаци повеќе сакаат пари од љубов

197

Понекогаш во животот сигурно сте кажале или сте размислувале како да направите се за љубов.

Можеби беше искрена изјава, но овие пет хороскопски знаци, по својата природа, ги ставаат парите пред љубовта.

Меѓу нас има поединци кои секогаш ќе и дадат приоритет на финансиската стабилност наместо да најдат животен партнер. Се прашувате дали и вашиот партнер е еден од нив?

Бик

Дури и птиците на гранките знаат дека љубовните врски бараат многу работа и жртва. Тоа е слична работа со парите. Иако и двете работи се важни во нивните животи, доколку припадниците на овој знак се најдат во ситуација да мораат да бираат помеѓу љубов и пари, за жал на своите партнери, тие веројатно ќе се одлучат за финансиска стабилност. Токму оваа стабилност ги привлекува најмногу, а љубовните врски честопати се нестабилни.

Близнаци

Големите љубители на забавата секогаш имаат тенденција да прават работи (или врски) што ќе ги натера да се чувствуваат возбудено. Никогаш не им е досадно од нив, но токму затоа тие бараат еднаков ангажман со луѓето околу нив. Затоа, не е изненадувачки што нивните партнери често се чувствуваат како кловнови кои мораат да ги анимираат Близнаците во текот на целиот ден. Припадниците на овој знак се немирни, но и неодлучни луѓе, кои понекогаш не знаат како да се справат со потребите на другите луѓе. Во моментот кога љубовните врски ќе станат премногу сериозни, Близнаците ќе претпочитаат да се свртат кон заработка и развој на кариера.

Продолжува на страна 2