Појавена е нова смртоносна болест | Ја пренесуваат комарци | Видео

468

Поретко се среќава кај луѓето и убива 30% од оние кои ќе се заразат.

Официјалните лица во Мичиген се соочуваат со друга закана и потенцијално смртоносно заболување – источен енцефалитис на коњите.

Болеста се пренесува од комарци, а властите ја интензивирале дезинсекцијата откако 28 коњи и еден човек се разболеле. Источен коњски енцефалитис, како што сугерира името, е присутен во источниот дел на Соединетите држави, но и во другите делови на земјата, пренесуваат агенциите.

Поретко се среќава кај луѓето и убива 30% од оние кои се заразени.

Пет лица се заразени во САД минатата година и таа пресметка не го вклучува горенаведениот случај. Властите ги повикаа граѓаните да ги покриваат украсните езерца и да размислат за откажување на активности на отворено за да се намали ризикот од каснување од комарец.