Споменик на францускиот инженерски гениј и чудо во рамнотежата – Viaduc de Millau | Фото/Видео

111

Мостот Мијо е изграден во департманот Авејрон во Франција. Тој е изграден со цел скратување на времето за патување посебно во летните месеци кога луѓето заминуваат на годишни одмори.

Со изградбата на мостот се скратени неколку часа патување кои би се одвивале по заобиколници, со што се скратени и трошоците за патување на луѓето од Франција кон Шпанија, и обратно.

Овој мост е најголемиот жичен мост кој го премостува автопатот А75 со што градот Мијо (фр. Millau) се ослободува од сообраќајот. Иако Мијо е највисокиот мост во Европа и втор по височина во светот.

Градбата започнала во октомври 2001, а е изграден за само 39 месеци. Највисокиот столб на мостот е малку повисок од Ајфеловата кула. Со неговата должина од 2.5 километри и неговата закривеност претставува предизвик за возачите.

Отварањето на овој мост кое се случи во 2004 година повлекло голема медиумска заинтересираност. Мостот беше отворен од францускиот претседател Жак Ширак кој во својот говор изјави дека мостот е споменик на францускиот инженерски гениј и чудо во рамнотежата. Не е случајност што овој мост е изграден токму во Франција која претставува лидер во мостoградбата, каде што е формирана и светската мостовска федерација.

Возењето по негот дава чувство на пловење по долината што е доловено од седумте “едра” од кабли, но и сите структурни детаљи кои се вградени во дизајнот. Земајќи ја во обзир височината на мостот може да се претпостави дека слегувањето од автомобилот овде е забрането, оградата на мостот е специјален предизвик на архитектот кој ги споил потребите за ефикасност на истата за заштита од ветерот но и одлично вклопување во дизајнот на ова архитектонско чудо со стилски аеродинамични облици кој му даваат прекрасен изглед на мостот, при поглед од долината под него.

Како спој на уметноста, архитектурата и инженерингот, Мијо ќе продолжи да ја инспирира не само јавноста туку и идните инженери кој постојано се притиснати од побарувачката да се создаде убавина и благодет во рамките на границите на фукнкционалноста и цената. Посебна глетка за патниците на овој мост е периодот кога над долината е магливо. Во тој момент чуството е буквално како лебдење во облаци бидејќи целиот мост е обвиткан во магла.

Мостот е дизајниран од Британскиот мастер-архитект Лорд Фостер во соработка со Францускиот инженер за мостови Мишел Вирлого. Изведен е од Еифаж, една од најголемите фирми изведувачи во Франција. Во изградбта учествувале инженери од Шпанија, Италија и Шведска.

Автор: Ненад Гоцевски