
Новата анализа на три писма од озлогласениот романски владетел Vlad Țepeș откри илјадници пептиди од бактерии, вируси, габи, инсекти и растенија кои нудат фасцинантен поглед на животот во Влашка во 15 век, но и нов интригантен детал за самиот владетел.
Хемиската анализа на писмата поврзани со Vlad Drăcula, историска личност која го инспирирала измислениот лик на грофот Дракула, откри можни знаци на ретка состојба наречена хемолакрија, во која крвта се појавува во солзи.
Студијата, спроведена од тим предводен од хемичарот Maria Gaetano Giovanna Pittalà од Italian University of Catania, фрла нова светлина врз здравствената состојба на злогласниот влашки средновековен владетел.
Трагите оставени на хартија од владетелот на Влашка од 15 век сугерираат дека тој страдал од состојба позната како хемолакрија, која се манифестира како присуство на крв во солзите.
Можеби сем тоа имал проблеми со кожата и дишните патишта, пишуваат Pittalà и нејзините колеги во новата студија објавена во списанието Analytical Chemistry.

Значајна историска личност
Vlad Drăculea, познат и како Vlad Țepeș, имал значајно место во европската историја поради неговото брутално владеење над Влашка.
„Неговите подвизи како владетел на Влашка се речиси митски, особено крајно крвавите напори што ги вложил да ја заштити својата земја од повеќекратни конфликти“, потсетуваат авторите на студијата.
Не се знае за колку смртни случаи тој е одговорен, но проценките велат дека се над 80.000, а се проценува дека над 20.000 од нив биле набиени на колец. Постојат и други форми на тортура за кои е обвинет озлогласениот влашки владетел, додаваат авторите на новата студија.

Специјализираната облога откри нови детали
Во потрага по историско разбирање, италијански научен тим нанел специјализиран намаз на три писма на Vlad Drăculea кои датираат од 1457 и 1475 година.
Кога се нанесува на било кој тип на површина, овој филм може да извлече протеини и молекули без да ја оштети површината, објаснуваат италијанските научници.
Сè на сè, протеомските податоци презентирани овде (протеомот е збир од сите протеини и протеомски форми што еден организам ги произведува во текот на својот живот, оп.а.), иако тие сами по себе не можат да се сметаат за исцрпни, може да укажат на тоа, според некои приказни, веројатно страдал, барем во последните години од својот живот, од патолошка состојба наречена хемолакрија, односно можел да лачи солзи измешани со крв, се вели во студијата.
Анализата на писмата откри мноштво информации за влашкото општество во 15 век. Истражувањето на трите писма открило илјадници пептиди од бактерии, вируси, габи, инсекти и растенија кои нудат фасцинантен увид за животот во Влашка во 15 век, објаснуваат италијанските научници.
Импликациите од ова истражување ја надминуваат загадочната личност Vlad Drăculea. Резултатите ветуваат дека нивните техники ќе се користат и на други антички документи, откривајќи повеќе за внатрешните работи од дамнешни времиња, истакнуваат на крајот авторите на студијата.


















