Еве што прават лилјаците кога се болни

1539

Ново истражување докажува дека дивите лилјаци социјално се дистанцираат кога се болни и поминуваат помалку време во својата заедница.

Во дивината, американски истражувачи инјектирале ендотоксини во лилјаци и ги снимале нивните движења. Откриле дека болните суштества поминуваат помалку време со другите и се социјално оддалечени.

Експертите велат дека социјалното растојание во случај на болест е веројатно присутно кај сите видови животни.

Кога животните се болни, тие често избегнуваат други – велат експертите во нивната истражувачка работа.

Дивите лилјаци кои се болни поминуваат помалку време во близина на другите во нивната заедница, што ја забавува стапката на ширење на болеста. Истражувачкиот тим претходно го видел ова однесување во лабораторија и користел теренски експеримент за да го потврди во дивината.

Друго истражување во Сингапур тврди дека лилјаците се издвојуваат како носители на вируси како коронавирус, без да се разболуваат како луѓето. Се сметаше дека вирусот SARS-CoV-2, кој предизвикува COVID-19, потекнува од лилјаци, иако точното потекло на COVID-19 сè уште не е официјално потврдено. Исто така, се сметаше дека коронавирусот стигнал до луѓето преку панголин – лушпест цицач, кој честопати се смета за рептил.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.