Загрижувачко откритие | Секое трето лице заразено со коронавирус ќе има барем еден симптом на долг ковид

1689

 Симптомите се нешто почести кај жените и оние хоспитализираните.

Третина од луѓето заразени со коронавирус ќе имаат барем еден симптом на долг ковид, покажува студијата. Истражувачите од Универзитетот Oxford, Центарот за биомедицински истражувања на Оксфорд за здравје (BRC) и Националните институти за здравствени истражувања (NIHR) проучувале повеќе од 270,000 луѓе во Соединетите држави кои се опоравиле од коронавирусот.

Симптоми на долг ковид се дијагностицирани кај 37% од пациентите, три до шест месеци по инфекцијата. Анксиозноста/депресијата биле најчести од деветте примарни симптоми, проследени со абнормално дишење, абдоминални симптоми, болка во градите/грлото и замор, пренесува Daily Mail. Возраста, полот и сериозноста на инфекцијата влијаела на веројатноста за развој на симптоми на долг ковид, според податоците од мрежата за здравствени картички TriNetX.

Симптомите се почести кај жените

Д-р Max Taquet, академски клинички соработник на NIHR, рече дека резултатите потврдуваат дека значителен дел од луѓето, од сите возрасти, може да имаат голем број на симптоми и тешкотии во рок од шест месеци од инфекцијата со Ковид 19.

“Над една третина од пациентите се дијагностицирани со барем еден од симптомите на долг ковид, помеѓу три и шест месеци по болеста.”

Симптомите се нешто почести кај жените и оние хоспитализирани.

“Овие податоци ги надополнуваат наодите од анкетите за самооценување и покажуваат дека лекарите ги дијагностицираат пациентите со овие симптоми”, додаде тој.