Пресвртна точка во борбата против ракот

852

Британската влада и една од водечките фармацевтски компании ќе склучат договор со кој ќе се забрза истражувањето на полето на новите антиканцерогени терапии, најави британскиот министер за здравство Steve Barclay.

Баркли во петок треба да потпише меморандум за разбирање со германската компанија BioNTech за што поскоро да им ги направи на луѓето достапни најдобрите лекови за рак.

Ова значи дека персонализираните терапии со mRNA, вклучително и вакцините за рак, може да бидат достапни за британските пациенти со рак уште оваа есен.

BioNTech и Pfizer заеднички развија mRNA вакцина против новиот коронавирус.

Во партнерство со британската влада, компанијата би можела да достави околу 10.000 дози третман за рак на британски пациенти до 2030 година.

Откако ќе се открие ракот, треба да бидеме подготвени да ги понудиме најдобрите лекови и терапија што е можно поскоро, вклучително и терапии за рак на дојка, белите дробови и панкреасот, рече Barclay.

Тој верува дека компанијата што му помогна на светот во борбата против Ковид-19 е совршен партнер за договор за заедничка работа на вакцините против ракот.

Британските пациенти ќе бидат меѓу првите кои ќе учествуваат во испитувања и тестирања за да развијат насочени, персонализирани и прецизни третмани користејќи нови трансформативни терапии за лекување на постоечките видови на рак и спречување на болеста да се врати.

Овој договор, истакна Barclay, е продолжение на ветувањето на владата дека ќе издвојува 20 милијарди фунти годишно за истражување и развој, се со цел поефикасно лекување на пациентите.