Диетите со ниска содржина на сол не го намалуваат крвниот притисок

1040

Исклучувањето на солта од исхраната не помага за намалување на крвниот притисок, според истражувачите од Бостонскиот универзитет.

Лекарите препорачуваат возрасните да не консумираат повеќе од 6 грама сол на ден, но новото истражување покажува дека луѓето кои консумираат сол во минимални количини, всушност, имаат висок крвен притисок.

Според експертите, советот да се јаде помалку сол го занемарува фактот дека солта во организмот го зголемува нивото на хормоните кои го регулираат крвниот притисок и го одржуваат на ниско ниво.

Експертите истражувале 2632 мажи и жени на возраст од 30 до 64 години. По 16 години набљудувања било утврдено дека луѓето кои консумираат помалку 6 грама сол на ден имаат повисок крвен притисок. Во исто време луѓето кои земале нормално количество на сол за сите возрасти, имале низок крвен притисок.

“Намалувањето на внесувањето на сол може да доведе до понизок крвен притисок кај некои луѓе, но не и други, – прдупредува д-р Лин Мур. – Покрај тоа, намалувањето на внесувањето на сол може дури да доведе до несакани ефекти и да зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести“.