Несомнено оралната хигиена е од фундаментално значење како за здравјето, така и за убавината ни, но не треба и да претерувате во макотрпната грижа.
Премногу енергичното четкање може да го оштети ткивото на непцата, како и забната глеѓ, особено ако користиме тврда четка за заби.
Препорачливо е да избираме таква која има помеко влакно, а при четкање на забите да се применува поблаг притисок и кружни движења. Ако ги триеме забите, со тоа што ќе ја движиме четката назад и напред, тоа може да ги оштети.
Оние кои користат електрична четка за заби, всушност воопшто не би требало да ги четкаат забите. Уредот ја ротира самата четка, затоа сè што треба да направите е да ја лизгате малку на забите.
Ако ја користиме електричната четка како обичната и со неа истовремено и ги четкаме забите, ќе примениме непотребен притисок врз нив, поради што се зголемува ризикот од оштетување на непцата и емајлот.
Грешка е и ако го продолжувате премногу времето во кое ги четкате забите. Никогаш не треба да го правиме тоа повеќе од две минути, два или три пати на ден. И бидејќи старите четки за заби можат да ги повредат непцата, зашто третираат и голем дел од нив, не треба да заборавиме дека четката за заби треба да се заменува на секои три месеци.



















