Меѓународен тим научници започна со дупчење на Арктикот за да се зачуваат примероци од мраз стари до 300 години за анализа, пред да се стопат замрзнатите слоеви поради климатските промени, објавија во понеделникот организаторите на мисијата.
Италијански, француски и норвешки истражувачи поставиле камп на норвешкиот архипелаг Svalbard, како дел од, како што велат, трката со времето за зачувување на клучните податоци за мразот и анализа на условите што преовладувале во неговата поранешна средина.
Научниците ќе вадат мраз со помош на долги цевки од длабочина од дури 125 метри. Има замрзнати геохемиски траги стари и до три века.
Анализата на хемикалиите во длабоките „ледени јадра“ ќе им даде на научниците вредни информации за условите што некогаш преовладувале во околината.
Но, истовремено предупредуваат дека водата создадена од топењето на мразот ги менува геохемиските траги кои се зачувани во таквиот вековен мраз.
Забележано е дека вреден исконски материјал исчезнува од површината на планетата засекогаш, изјави за AFP Jerome Chapellaz, претседател на Ice Memory Foundation, која ја води операцијата.
Наша одговорност како глациолози е да обезбедиме дел од тоа да биде зачувано.
Емисиите на јаглерод предизвикани од човекот од 19 векја загреале планетата за 1,1°C, а студиите покажуваат дека Арктикот се загрева два до четири пати побрзо од глобалниот просек.
Едниот дел од мразот изваден од цевките веднаш ќе биде искористен за анализа, а другиот ќе биде испратен на Антарктикот и таму ќе се складира под снегот за да можат примероците да се сочуваат за идните генерации научници.
Carlo Barbante and Jerome Chappellaz следеа екстракција на две ледени јадра во глечер како дел од проектот ‘Protecting Ice Memory project’. ФОТО: АФП
Осум членови на мисијата поставиле камп на надморска височина од 1.100 метри на леденото поле Holtedahlfonna преполно со пукнатини. Тие планираат да започнат со дупчење во вторник, рече Chapellaz.
Работата ќе ја вршат три недели на температури пониски од -25°C. Во тој процес ќе сечат и извлекуваат примероци од мраз, долги еден метар и широки 10 см.
Мисијата од 700.000 евра, која е делумно финансирана од Italian Ministry of Research, следи по серијата слични претходни екстракции на леденото јадро од Ice Memory Foundation, вклучително и претходните операции на Алпите и Андите.