Евидентиран е првиот случај на инфекција со спори на габа која не би требала да му наштети на здравјето на луѓето

895

Индиски миколог развил силно болно грло, но лекарите не успеале да пронајдат траги од опасни бактерии или вируси. Потоа почнале со тестот за габа и откриле нешто сосема неочекувано.

Болеста на сребрениот лист е проклетство за различни растенија. Заразувајќи ги нивните лисја и гранки, габата Chondrostereum purpureum може да биде фатална за растението доколку не се лекува брзо, но оваа габична болест никогаш не се сметала за проблем кај луѓето. Барем не до сега.

Во Индија, барем според сознанијата на научниците, е забележан првиот пријавен случај на човечка инфекција со споменатата габа, каде што се чини дека 61-годишен индиски миколог добил прилично сериозен случај на болест на сребрен лист во грлото. Така, науката добила многу редок пример на патоген кој навидум направил огромен скок во инфицирањето на други видови.

Осомничениот идентификуван со помош на ДНК

Случајната студијата, која е објавена во научното списание Medical Mycology Case Reports, опишува машки пациент од Индија кој дошол во медицинскиот центар пред две години со кашлица и рапав глас, замор и отежнато голтање. КТ-снимката на неговиот врат откри гноен апсцес до неговиот душник. Меѓутоа, лабораториските тестови не успеале да пронајдат никаква загрижувачка бактерија, но посебна техника на боење на габите откри присуство на долги нишки слични на коренот, наречени хифи.

Габичните заболувања не се невообичаени кај луѓето, иако од милионите познати видови, само неколку стотици можат да ни нанесат голема штета. Лишајот, атлетското стапало и млечките обично се вдомуваат во влажните области на човечката кожа, што пак предизвикува сериозна иритација. Понекогаш, особено кај луѓето со компромитиран имунолошки систем, габите кои вообичаено се хранат со гнила вегетација, како што е видот Aspergillus, може да заразат подлабоки делови од нашето тело.

Сепак, гореспоменатиот случај на габична инфекција од Индија не личи на ниту една од габичните инфекции што се споменати, што ги натерло медицинските професионалци да побараат совет од Референтниот истражувачки центар за габи на Светската здравствена организација (СЗО), кој пак идентификува неверојатен осомничен врз основа на неговата ДНК.

Пациентот не можел да се сети дека неодамна работел со габата Chondrostereum purpureum, иако и самиот е миколог. Неговата работа на терен го довела во контакт со распаѓање на материјалот и други растителни габи, што потенцијално може да го објасни изворот на неговата инфекција.

Изолиран случај или…?

Со цел патогените од секаков вид да се населат во домаќинот и да почнат да се размножуваат, не само што им требаат средства за да им ги обезбедат вистинските хранливи материи, туку им требаат и неколку трикови за да се справат со она што во суштина е непријателска средина што сака да ги исфрли на сите видови хемиско оружје и смртоносни агенси. Ова е причината зошто е исклучително ретко габа приспособена да ги пробива своите хифи низ лисјата и стеблата, да успее тоа да го стори истото во човечкото тело.

Човечките патогени и нивните потенцијални резервоари за растенија имаат важни импликации за појавата на заразни болести, пишуваат авторите на студијата. Додека бактериските видови супербактерии и новите вируси кои се појавуваат од животинската популација редовно го привлекуваат нашето внимание, ние ретко размислуваме за растителните болести во нашата околина. Особено габите претставуваат значителен ризик, бидејќи нивните биохемиски сличности со животните го прават предизвик да се дизајнираат соодветни вакцини и терапии кои можат да ја спречат или контролираат инфекцијата.

Во случајот на индискиот миколог, за среќа, редовната дренажа на чирот заедно со два месеци земање на вообичаено антифунгално средство било доволно за да се излечи. По две години преглед, пациентот се уште е добро, без знаци на повторна инфекција.

Што се однесува до самата инфекција, малку е веројатно дека науката ќе даде одговор зошто тоа се случило на прво место. Исто така, не се знае дали ова е само изолиран случај.