Потребно
- 1 кг компири
- 5 лукчиња
- 1 лажичка сува мајчина душица
- 1/2 лажичка суво оригано
- 1/2 лажичка сув босилок
- 1/3 чаша свежо рендан пармезан
- 2 лажици масло
- сол и црн пипер
Подготовка
Измијте ги компирите и исечете ги на мали парчиња или оставете ги цели (ако се мали).
Ставете ги во тава за печење, која е однапред благо намачкана со путер или маслиново масло.
Додаде кон нив сол, црн пипер, сецкан лук, сувите зачини и маслото.
Печете во загреана рерна на 200 степени. Кога компирите се речиси готови, може да ги посипете со рендан пармезан и запечете за уште неколку минути.



















