Потребно
- 4 тортилји
- Главица црвен кромид
- 200 гр. печурки (маринирани или свежи)
- Рукола по желба
- Тиквичка
- Лута и нелута пиперка
- Растителен кашкавал
- Посен мајонез
- Сенф
- Кечап
Подготовка
Тортилјите откако ќе ги затоплите од двете страни намачкајте ги со мајонез и сенф и потоа наредети ги: испечените тиквички на скара или грил тава, печурките исто така испечени, лутата и нелутата пиперка исечена на кругови, исто така и кромидот исечен на кругови (кој може да го испечете на грил тава доколку сакате да го изгуби интензивниот мирис), изрендајте го качкавалот врз топлиот зеленчук и додадете ја руколата , зачините по желба и на крајот кечапот.