Просечно сексот трае 19 минути

714

Ретко двојките стигнуваат истовремено до оргазам.

На сите ни се случило да дебатираме за интимниот живот со пријателите. Но од каде знаеш дека она што раскажуваат тие, е вистина?

Знаеме ли реално колку време трае половиот акт?

На ова прашање побараа одговор британски социолози, во репрезентативно истражување за производител на еротски играчки, пишува британскиот “Independent”. Во него учествувале 4 400 лица (вкупно 2 200 пара).

Според добиените резултати, сексот во просек трае 19 минути.

И уште:

Малку повеќе од половина од испитаните парови (52%) откриваат дека за нив време траењето на сексот е сосема доволно. 23% од мажите велат дека се сакаат играта за возрасни да продолжи уште малку. Смешно е дека 15% од дамите изјавуваат дека гужвање на чаршафите треба да заврши што е можно поскоро.

Според податоците на британските истражувачи, 24% од луѓето кои учествувале во истражувањето, би сакале сексот со сакана да трае од 30 минути до 1 час. За останатите 76%, сепак 15-минути е сосема доволна.

Освен времетраењето на забавниот чин, британските научници ги запрашаат испитаниците за уште нешто уште деликатно. Што се случува на крајот?

75% од мажите се споделиле дека успеваат да стигнат до оргазам речиси секој пат.

Но кај дамите работите воопшто не се така розови. Само 28% од нив се чувствуваат исполнети. Помалку од 1/3 од жените “експлодираат” под љубовниот чаршав.

90% од паровите велат дека во одреден момент од интимната врска го доживеале споделениот оргазам. Чувството на истовремено избувнување сепак воопшто не е така често според истражувачите.

Со оваа студија социолозите имаат за цел да ги поттикнат мажите да грижат повеќеза своите дами. “Дефинитивно има проблем во креветот ни и некој мора да се потруди повеќе”, пишуваат експертите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.