Вишната го регулира крвниот притисок

1334

Вишната е оскудна со маснотии и белковини, па и со калории, но затоа обилува со витамин Ц, витамин Б комплекс и минералите – калиум, железо и кобалт.

Енергетската вредност на вишната е 46 кал/100 грама плодови, а карактеристиките не и се менуваат ниту кога се замрзнати. Поради тоа во вишните уживаме цела година.

Вишната содржи моќни антиоксиданси кои се наоѓаат во нејзиниот пигмент (антоцијанини), и имаат голема улога во превенцијата против најтешките заболувања. Со намалување на влијанието на слободните радикали на клетките, ги заштитуваме од оштетување.

Поред гликозата, вишната содржи и киселини (јаболкова, лимонска и винска)содржи околу 85% вода, па делуваат освежително на организам. Тоа е причината зошто сокот од вишни е толку вкусен. Вишната е одлично средство во спречување на ракот, анемијата, инфарктот, шлогот и артериосклерозата.

Сокот од вишни е познат по намалувањето на крвниот притисок, па вишната е ценета кај личностите кои боледуваат од хипертензија.

Вишните се одлични кај зголемениот холестерол, затоа што антиоксидансите го спречуваат лошиот холестерол да оксидира и да ги оштетува крвните садови. Вишната е вистински чувар на целиот кардиоваскуларен систем.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.