За оние со јако срце | Доктори од грлото и извадиле змија долга 1,2 метри | Видео

119

Ако не сте го виделе ова, не би поверувале …

Сосема нереална приказна доаѓа од руски Дагестан, каде доктори извлекоа огромна змија долга 121 см од грлото на пациент. Змијата стигнала таму додека жената спиела во дворот на нејзиниот дом во селото Леваши.

Жената во еден момент почнала да се чувствува лошо, контактирала со докторите кои ја ставиле под анестезија и ја интубирале за да и помогнат и со цевка да ја извлечат оваа монструозност.

Ги предупредуваме читателите дека овие сцени се вознемирувачки.

Откако снимките и фотографиите започнаа да се споделуваат на социјалните медиуми, дагестанското Министерство за здравство отвори истрага за случајот.

Иако некои велат дека е паразит или црв, сепак се чини дека овој ѕвер е преголем за такво нешто.

Мештаните тврдат дека претходно знаеле за вакви случаи, а постарите дури ги предупредуваат и помладите да не спијат на отворено, за да некоја змија не им влезе во уста.