Можете ли да добиете рак на грлото од орално задоволување на партнерот?

2115

Можете ли да добиете рак на грлото од орално задоволување на партнерот?

И покрај тоа што ракот на грлото не е еден од најчестите видови на рак, тоа е болест на која мора да внимаваме и да преземеме превентивни мерки за да ја спречиме неговата појава.

Најголемите фактори на ризик за рак на грлото се пушењето, консумирањето алкохол и изложеноста на опасни материи (загаден воздух, вдишување хемикалии…). Сепак, излегува дека болеста може да се појави индиректно поради орален секс.

Орален секс и HPV

HPV е еден од најчестите сексуално преносливи вируси. Може да се пренесе и преку орален секс, така што самиот орален секс не предизвикува рак на грлото, но може да доведе до инфекција со HPV.

HPV потоа доведува до преканцерозни промени во клетките, кои подоцна може да се развијат во рак на грлото.

Затоа, од клучно значење е да се обезбеди соодветна заштита при орален секс. Експертите предлагаат партнерите да се тестираат за сексуално преносливи болести пред да имаат незаштитен секс, што ќе спречи потенцијална непријатност.

За спречување на рак на грлото, најважно е да се избегнува пушење, вдишување штетни материи и прекумерно консумирање алкохол. Ова се уште се главните фактори на ризик за оваа сериозна болест.