Интересни факти за копривата

185

Секој се допрел до гневот на копривата и нејзиното осило.

Но, освен тоа подмолно и непријатно чувство, копривата е многу корисно растение кое помага за различни болести, за општата состојба на организмот и е често користена во кулинарството.

Копривата може да се зема во форма на чај, супа или друго јадење. Во Непал пример, консумираат чорба со коприви и сирење.

Foodpanda, избра неколку интересни факти за неа, кои веројатно не ги знаете.

Важно е да имате коприва во вашата градина. Таа е важен извор за пчелите и за развојот на цвеќето во вашата градина.

Влакната од коприва се користат за изработка на облека. Германските униформи за Првата светска војна се правени од ткаенина од коприва. Текстурата наликува на лен и коноп.

Во Шкотска прават чаршафи од коприва. Жолтата боја доаѓа од корените.

Одгледувачи ги хранат коњите со коприва, за да им биде сјајно крзното, а во Шведска ги хранат кравите, за да се зголеми продуктивноста на млеко.

Терминот коприва доаѓа од староанглискиот збор за игла- упатувајќи на острите листови.

Копривата има машки и женски бои кои доаѓаат од различни растенија.

Копривата помага против гихт, артритис, настинка, некои алергии и астма.