Од љубов оглупуваме и се дебелееме

1581

Љубовта, освен сите пријатни чувства кои ги носи, е и исклучително корисна за здравјето, а исто така може да го промени начинот на размислување.

Еве и уште неколку љубопитни и изненадувачки факти.

Постојат пет различни стадиуми

Љубовта е исто така предмет на истражување, а експертите идентификуваат пет различни фази, кои ги дефинираат како: пеперутки; изградба; асимилација; чесност и стабилност.

При првиот стадиум се забележува зголемување на либидото. Тоа е времето кога често забораваме да јадеме. За време на вториот стадиум во организмот се ослободуваат материи кои исклучуваат изливи на интензивно задоволство, што доведува до особената состојба “среќна загриженост”.

Во третата фаза се појавува прашањето дали врската е точна или погрешна, а во четвртата првпат се забележува зголемување на нивото на стресот. Штом поврзувањето еднаш ги поминало четирите стадиуми, во финалната фаза се зголемуваат довербата и интимноста, што доведува и до стабилна врска.

Навистина можеме да оглупавеме од љубов

Вљубените во помала мера се способни да се концентрираат и да вршат задачи кои бараат претпазливост. Студија открива дека колку поинтензивни се љубовните чувства, толку помалку способни сме да се фокусираме.

Може да се здебелиме

Излегува дека поставеноста на духот може да влијае и на тежината. Кога сме вљубени, има поголема веројатност да се здебелиме Според податоци на истражувачи во првата година на врската жената качува во просек 3,2 килограми.