Внимание! Овие 7 производи се рекламираат како многу хранливи и добри за здравјето, но не се!

179

Науката има направено голем напредок во откривањето на нештата кои може да нѐ убијат, но ние сме сѐ уште далеку од откривање на она што нѐ движи.

Токму тоа подрачје е одличен терен за разни шарлатани и измамници кои ќе ви ги продаваат своите производи и ќе ви ветуваат вечност. А најголемите измамници се големите корпорации.

Овие седум производи се рекламираат како многу хранливи и добри за здравјето, но вистината сепак е малку поинаква, пишува Rawstory.com.

1. Кокосова вода

“Нискокалорична”, “без маснотии” и “богата со магнезиум” се само некои од нутритивните предности на водата од уште зелените кокосови ореви. Кога ќе ги додадете на тоа ѕвездите како Ријана и Џесика Алба кои се колнат во нејзиното дејство, ќе добиете профитабилна индустрија. “Знаете сите колку е часот” кога Кока-Кола и Пепси се борат за своето учество во тој бизнис…

Вистина е дека кокосовата вода има свои предности, но многу е скапа. Една студија од 2012 година покажа дека овој “магичен пијалок” не е ништо подобар од обичната вода, па држете се до старата добра H2O.

2. Витаминизирана вода

Витамини и водата – што тука може да биде лоша работа? Кока-Кола, исто така, смета дека тоа е одлична комбинација, па со додаток на шеќер ја продава од 2007 година.

Иако чудотворните својства на витаминизирана вода не се докажани, кој во нив би се сомневал кога ги рекламираат “експертитe” како Елен Денџери и Џенифер Анистон? И покрај нивните тврдења, до сега не е докажано дека витамините лекуваат нешто, освен егзотичните болести како што се бери-бери. Ако некогаш сте се разболеле од бери-бери, обезбедете витаминизирана вода, а до тогаш портокалот ви е доволен извор на витамини.

Продолжува на страна 2