3. Енергетски плочки
Рекламите во кои мускулести, тенки жени во спортските градници, грицкаат плочки и ветуваат младешки изглед, се одлична мамка за сите кои се борат со прекумерна тежина. За жал, поголемиот дел од тие производи се сѐ, само не здрава храна. Голем процент на масти, калории и темно чоколадо со премногу мал удел на антиоксиданси е грдата вистина зад зборовите “фитнес”. И не се лажете: шеќерот е шеќер, не е важно дали тоа е рафиниран бел или мед.
4. Гранола
Гранола – друг збор за здрава исхрана во форма на јаткасти плодови, дехидрирано овошје и цели житарки, спакувани во кутија на која е слика на полињата со жито и лажица мед – и шеќери, како и премногу масти. Една четвртина чаша гранола содржи четири грама шеќер и пет грама масти. Хм, здраво?…
5. Овошен јогурт
Додека обичниот јогурт е одлична намирница богата со протеини и бактерии кои го одржуваат вашиот имунолошки систем здрав, овошниот јогурт е една голема измама преполна со шеќери. Ако сакате да јадете јогурт со овошје, ставете овошје во јогурт.
6. Бадемово млеко
Откако во јавноста протекоа приказни во врска со ужасот кој се случува на фармите со крави, расцути млечната индустрија од растително потекло. Производителите на млеко од соја, коноп и други растенија почнаа многу добро да заработуваат пари на претпоставката дека млекото од здрави растенија е, исто така, здраво.
Но, дали е тоа така? Бадемовото млеко е составено главно од вода, во која е вмешана мала количина бадеми. Не звучи многу хранливо, зарем не? Калциумот и другите “здрави нешта” во оваа течност се додаваат подоцна и далеку се од “природен извор”.
Земете во предвид и дека за одгледувањето на бадеми се потребни огромни количини вода што бадемовото млеко го прави многу штетно за животната средина.
7. Храна збогатена со омега-3 масни киселини
Докажано е дека омега-3 масни киселини играат улога во намалување на ризикот од срцеви заболувања, рак, Алцхајмеровата и други болест опасни по живот, па не е чудно што големите корпорации веднаш почнале да додаваат омега-3 масти во своите прехрамбени производи. Проблемот е во тоа што тие не ги додале DHA и EPA “омега” туку АЛА омега-3 масни киселини, кои немаат никаков посебен ефект врз организмот.
Од време на време почестете се со лосос – едно парче риба има 100 пати повеќе добри “омеги”, отколку збогатените млека и јогурти, пренесува Rawstory.com.
Н О В О !!!
Бидете и вие дел од фамилијата на my World
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















