Создаден е наједноставниот тест за утврдување ризик од предвремена смрт

1227

Научниците од Бирмингамскиот универзитет во Велика Британија нудат едноставен тест за утврдување на ризикот од предвремена смрт, пренесе “Дејли Меил”.

Резултатите од истражувањето авторите се објавени во списанието PLoS ONE (Public Library of Science). Истражувачите пронашле врска помеѓу одвојување на имуноглобулин А (IgA) содржан во плунката на човекот и неговата смртност, а исто и склоноста кон раниот развој на онколошки заболувања и пред сè рак на белите дробови.

Авторите на истражувањето велат дека IgA може да е ознака за прерана смрт, а анализата на плунката – алтернатива на инвазивните процедури и особено крвта. Научниците истражувале на 639 лица на возраст од 63 години во периодот од 1995 до 2014 година, при што се мерело лачењето на IgA, се следела здравствената состојба и смртноста на постарите луѓе.

Имуноглобините се лачат од леукоцитите и се потребни за борба против заразните болести. Производството зависи од објективните (наследни и старосни) и субјективни (начинот на живот) фактори. Последните кои му овозможуваат на човекот да ја контролира активноста на IgA. Научниците од Бирмингарскиот универзитет го продолжуваат истражувањето.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.