Готвењето во микробранова печка не е штетно

1201

“Готвењето во микробранова печка е посоодветно кај некои видови храна”, тврдат научници од Харвард, според кои митовите за штетата од микробрановите печки не се потврдени.

За готвењето во микробранова печка е погоден таков тип храна, кој ќе одржи повеќе од корисните хранливи материи кои ги содржи. На пример така важните за организмот овошје и зеленчук кои содржат многу витамин C, е подобро да ги подготвуваме во микробранова. Со намалувањето на времето за подготвување, ќе се задржат повеќе од витамини во нив отколку ако ги вариме во вода.

Така е и со останатите хранливи материи кои им се уништувани при готвењето во вода. Според заклучокот на научниците, освен што не треба да се плашиме да готвиме храна во микробранова печка, во одредени случаи тоа е подобра опција за подготовка.