Виното во текот на бременоста го запира дишењето на бебето

65

Чаша вино за време на бременоста може да го запре дишењето на бебето за два часа, покажува новото истражување, со кое лекарите ги повикуваат идните мајки да не употребуваат алкохол.

Според британските истражувачи виното, дури и во мали количини, може да го запре дишењето и движењето на бебето за два часа.

Тоа го побива мислењето за безбедното количество вино при бременост – една или две чаши вино еднаш или двапати неделно.

Според водечкиот автор професор Питер Хапер ова е прв од ваков вид истражување на ефектите од алкохолот во Обединетото Кралство.

Тој објасни дека последиците од виното не се корисни и нормални за бебето, бидејќи тоа треба да е секогаш активно, а дури и малите количини вино го запираат неговиот развој за часови.