ИЗЈАВА КОЈА СМЕНИЛА СЕ | Падот на Берлинскиот ѕид се случил по грешка | Фото/Видео

1642

Берлинскиот ѕид паднал во ноќта меѓу 9. и 10. ноември 1989. година, означувајќи го крајот на една ера и падот на железната завеса.

За Германците тоа е крај на многу долгиот повоен период, а семејствата и пријателите конечно можеле да бидат заедно по 28 години принудна разделба. На падот на ѕидот му претходеле повеќемесечни протести во DDR на кои граѓаните барале политички и економски промени.

Бидејќи Источна Германија не можела да го запре масовното бегство на населението на Запад, нејзината позиција била разнишана. Во раните вечерни часови на 9. ноември 1989. година, портпаролот на владата изјавил дека граѓаните на DDR можат да ги преминат сите гранични премини во странство без посебна дозвола.

Илјадници жители на источен Берлин се упатиле кон граничните премини, а стражарите во паника ги кренале рампите. По 28 години, жителите на Источен Берлин можеле слободно да се преселат во западниот дел на градот.

На 9. ноември 1989. година, портпаролот на Комунистичката партија на Источен Берлин најави промена во односите на својот град со Западот. Почнувајќи од полноќ тој ден, граѓаните на DDR можеле слободно да ги преминат границите на земјата, а со тоа Берлинскиот ѕид официјално паднал, со што станал најпознатиот симбол на Студената војна.

Берлинскиот ѕид е урнат поради грешка во комуникацијата меѓу политичарите. Една од новите регулативи овозможила, во време на затоплување на односите меѓу Истокот и Западот, Германците од Источен Берлин да добијат визи за патување во Западен Берлин.

Во раните вечерни часови на тој судбоносен ден, во Берлин се одржала историска прес-конференција за медиуми. Günter Schabowski, лидерот на Комунистичката партија, ги собра новинарите во Источен Берлин за да им соопшти низа реформи поврзани со намалувањето на ограничувањата за патување кои во тоа време биле на сила. Кога го прашале новинарите кога ќе стапат на сила новите правила, Schabowski застанал за момент, пребарувал по листовите пред него и рекол прилично неподготвен: „Тие стапуваат на сила… колку што знам… сега… веднаш.“

Тоа било грешка. Идејата била да се ублажи растечкото незадоволство кај народот со воведување на некои минимални промени во визниот режим, но државата требала да го задржи правото на забрана за патување.

Сепак, многумина ги сфатиле зборовите на Schabowski буквално дури и по вечерните вести на западногерманската јавна телевизија, која била популарна меѓу Источногерманците и кои одамна престанале да им веруваат на своите медиуми контролирани од државата, кога Ѕидот бил буквално прогласен за отворен, маса луѓе се упатила кон ѕидот и побарала да ги пуштат на другата страна.

Војниците кои го чувале Ѕидот првично се обидувале да ги задржат луѓето, но до полноќ ѕидот бил преплавен со граѓани од Источна Германија кои отворале шампањ на него проследено со огномет. Не бил испукан ниту еден куршум. Не се појавиле ниту Советите. Сè поминало мирно, на изненадување на многумина кои очекувале сѐ и сешто, бидејќи војниците биле подготвени на сѐ.