Ќерките се најголемиот подарок за една мајка. Да имаш најдобра пријателка во лицето на својата ќерка е вистински благослов.
Постојат работи кои секогаш ќе останат вистинити за односите меѓу ќерка и мајка. Колку и тешки моменти да сте имале едни со други, треба да знаете некои вистини за мајките на девојки . Веројатно ќе се припознаете во некои од нив!
Вие сте идолот, хероината, моделот на имитација за ќерка си
Дури и таа да не ги одобрува целосно вашите пристапи, критики и методи, ќерката секогаш ќе се стреми да биде како вас.
Таа ќе се обидува да ги стигне вашите достигнувања, да ви се допадне и да добие одобрување.
Прифатете, ако вашата ќерка е машкоданка
Машките девојки се такви по природа. Мајките треба тоа да го прифатат. Не се обидувајте да ја напикате вашата ќерка во фустан, ако таа сака да носи широки панталони и слободни кошули. Тоа не ја прави помалку жена, едноставно е израз на нејзината машка душа, скриена под женската надворешност.
Вие ќе сте онаа која ќе ѝ го лекува скршеното срце
Мајките се најблиските суштества кои секоја ќерка сака да ги има до себе. Кога ќе дојде момент на љубовна мака, кога срцето ќе биде скршено и кога целиот свет ќе ни го врти грбот, мама е тука за да ни помогне.
Секоја ќерка го знае тоа длабоко во срцето.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















