Ќерки ќе се лутат во некои моменти
Колку блиски се мајките, колку и да помагале во какви ли не моменти, некогаш доаѓа момент во кој тие се “виновни” за сè.
Мајки, прифатете го тоа- ќерките имаат свои убедувања, кои се разликуваат од вашите. Дури и да ви кажат дека сте лоша мајка и дека сте виновни за секоја невоља во нивниот живот, тоа е нормално. Ќе дојде момент кога ќе ги цените напорите кои сте ги положиле.
Тие секогаш ќе се потпираат на вас
Мајките се судии и критичари, но и покровители и утешители. Каде ќе се утешите, ако не во скутот на мајка си, кога имате потреба од поддршка?!
Некои денови ќе ви недостасува целата оваа драма
Мајките и ќерките често се во напнати односи за време на растењето. Девојките минуваат низ тешки периоди, обележани со бројни критични моменти. Нема да недостасуваат скандали, недоразбирања и лутење.
Но, еден ден сето тоа ќе ви недостасува, кога ќерка ви ќе тргне самостојно вашиот пат.
Секогаш ќе бидете најдобрата нејзина пријателка
Без разлика што ќе ви донесе животот, без разлика на кое растојание ќе бидете една од друга, секогаш ќе си останете најдобри пријателки! Нема околност или пречка што ќе раздели мајка од ќерка – ако не физички, тогаш барем емоционално!
И тоа никогаш нема да се промени! Со напредување на возраста пријателството ќе станува посилно од било кога.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















