Што навистина се случува кога ги „крцкаме“ прстите

62

Дали некогаш ве интересирало како изгледа ултразвукот на вашата рака за време на „крцкањето“ на прстите?

Американски научници се погрижиле за тоа и откија нешто ново во светот на човечката биологија.

Кога врз прстите вршиме притисок од седум килограми, коските на зглобовите се одвојуваат за околу половина сантиметри, а течноста која инаку ги подмачкува формира балон меѓу двете коски кој потоа „пука“.

Научниците сметаат дека она што се опишува како „крцкање“ или „пукање“ е всушност звукот од водениот балон кој се пробушува под притисокот.

Ова откритие можеби не е големо, но еднаш засекогаш го разреши прашањето што ги мачело научниците.